Баклава со јагоди

Овошните баклави се идеални за топлите денови, многу се освежувачки, а подготовката е едноставна.

Потребни состојки:

½ килограм тенки кори
200 грама мелени ореви
100 грама суво грозје
300 грама јагоди
1 лимон
1 ванилин шеќер
600 грама шеќер
масло

Начин на подготовка:

Намачкајте ја тепсијата со масло, па ставете ја првата кора на дното. Потоа ставете ја втората и намачкајте ја со масло. Истото повторете го со 1/3 од корите. Потоа ставете половина од мелените ореви и сувото грозје.

Исечете ги јагодите на тенки парчиња па покријте ги корите со нив, потоа ставете фил и јагоди, па покријте ги корите, а секоја од нив премачкувајте ја со масло.

Кога ќе ви се потрошат сите состојки, исечете ја баклавата на коцки. Печете ја на 200 степени околу 20-30 минути додека не зарумени убаво.

На крајот подгответе го шербетот. Загрејте го сирупот од шеќер и 300 милилитри вода, додајте ванилин шеќер и парчиња лимон. Прелијте ја печената баклава со млак сируп и оставете ја да се излади за да го впие.

Scroll to Top