Потребни состојки:
1 килограм кори за баклава
300 грама мелени ореви
300 грама мелени лешници
300 грама чоколада за готвење
5 лажици гриз
5 лажици мелени бисквити
200 грама шеќер
500 грама сечкани урми
200 грама маргарин
За шербет:
800 грама шеќер
1 литар вода
1 лимон
250 грама маргарин за полевање
Подготовка:
Најпрвин измелете ги лешниците и оревите и исечкајте ги урмите. Потоа, на тивок оган, растопете го маргаринот со кој ќе ги прскате корите во кои сакате да го ставите филот на баклавата. Потоа земете еден сад и во него истурете ги мелените ореви, мелените лешници, сечканите урми, изрендајте го во таа смеса и потребното количество чоколадо, додајте ги гризот, бисквитите и шеќерот и сите состојки убаво промешајте ги. Тие ќе ви требаат за филување на баклавата. Тавата за печење намачкајте ја со маргарин. Се зема една кора и се попрскува со маргарин, па над неа се реди втора кора и таа се попрскува и на третата кора се распоредува околу 4 лажици од филот. Вака подготвената кора, убаво се свиткува во форма на ролат. Оваа постапка се повторува додека не ги потрошите сите кори и целиот фил. Откако ќе се свиткаат корите, баклавата се сече по желба и се полева со 250 грама растопен топол маргарин. Баклавата се пече во претходно загреана рерна на 150 степени околу 20 минути. Потоа подготвената баклава се остава целосно да се излади. За тоа време можете да почнете со подготовка на шербетот. На оган во подлабоко тенџере ставете ги водата и шеќерот заедно со крукчиња од еден лимон и оставете ги убаво да зовријат. Откако баклавата целосно ќе биде изладена, прелијте ја со врелиот шербет.