Состојки:
2 банани
100 гр сечкани ореви
100 гр мелени ореви
150 гр мелени бисквити
4 лажици мед
100 гр кокосов путер
50 гр какао
1 лажичка цимет
Начин на подготовка:
Во сад ги ставаме кокосовиот путер и медот. Додаваме сечкани и мелени ореви, банани сечкани на кругови, како и цимет. Соединуваме со лажица. Смесата ја расплескуваме на тавче намрсено со кокосов путер. Го оставаме колачот во фрижидер да се стегне и потоа сечеме парчиња по желба.