Потребни состојки:
750 мл млеко
200 г шеќер
30 г ванилин шеќер
150 г гриз
100 г путер
250 г кокос
Глазура подлога:
1 лажица млеко
1 лажица масло
100 г чоколадо
Глазура за прелевање:
150 мл слатка павлака
100 г чоколадо
Начин на подготовка:
Во тенџере на умерен оган ставете 750 мл млеко со 200 г шеќер и 30 г ванилин шеќер. Мешајте додека млекото да зоврие, а шеќерот да се растопи. Потоа додадете 150 г гриз и 100 г путер и мешајте додека да се растопи. Постепено додадете и 250 г кокосово брашно. Смесата тргнете ја на страна малку да излади, па рамномерно распоредете ја во калап со облик по ваша желба, обложен со проѕирна фолија. Добро притиснете и израмнете.
За глазурата основа: На тивок оган ставете 1 лажица млеко, 1 лажица масло и 100 г чоколадо искршено на коцки. Загревајте и мешајте додека чоколадото да се растопи во мазна глазура. Прелијте го колачот рамномерно и оставете го фрижидер да излади. Потоа превртете го во чинија за сервирање и отстранете ја фолијата.
За глазурата за прелевање: На тивок оган загрејте 150 мл слатка павлака и додадете 100 г чоколадо искршено на коцки. Мешајте додека да се растопи и соедини, а потоа прелијте го целиот колач и убаво премачкајте го од сите страни. Почекајте малку да се стегне, па послужете го.