Бел аспик од јогурт

Одлично е за сите свечени прилики, но и за секојдневни оброци.

Состојки:

  • 600 мл. јогурт
  • 4 кесички желатин + 6 лажици вода
  • 300 г. мајонез
  • 3 варени моркови
  • 3 кисели краставички
  • 4 варени јајца
  • 150 г. шунка
  • 2 лажички сол

Подготовка:

Желатинот подгответе го според упатството, па потоа мешајте го со јогуртот. Додадете го мајонезот, исечканите сварени компири, исечканите краставички, јајцата, шунката и солта. Сето тоа убаво измешајте го сè додека не се соединат, па потоа ставете ги во четвртест плех.

Оставете го да лади во фрижидер, додека потполно не се стегне. Исечете го на коцки и послужете го.

Уживајте во освежувачкото ладно предјадење!

 

Scroll to Top