Без миксер и рерна, бајадера готова за 15 минути

Состојки:

За Бајадера

9 лажици вода

200 грама шеќер

150 грама ореви, бадеми или лешници

250 грама мелени бисквити

170 грама путер

100 грама темно чоколадо

рум

За глазура :

100 грама темно чоколадо

малку масло

Подготовка:

 

Во тенџере , додадете вода и шеќер и гответе на тивок оган додека шеќерот целосно не се раствори.

Додадете путер , отстранете од шпоретот и мешајте додека не се раствори.

Кога путерот е безмалку истопен , додадете ореви и бисквити – се меша додека не се добие еднаква густа маса .

Добиената смеса се дели на два еднакви делови.

Стопете го чоколадото  на пара и помешајте го во првиот дел од смесата, а во втората додадете малку рум. На послужавник или тацна ставете мрсна хартија за печење и  ставете го првиот дел од смесата (таа со чоколадо) и со рацете оформете коцка – а за да биде правилна, потоа оформете ги рабовите со нож.

Над неа, на ист начин додадете ја и друга смеса и сторете го истото со ножот.

Остатокот од чоколадото се топи на пара. Во него додадете малку масло и се прелива врз Бајадерата

Толку – оставете малку да се стврдне и може да се ужива во неа.

Бајадерата се остава во фрижидер да се стегне и следниот ден со нож се сече на коцки.

Scroll to Top