Бирајте женска лубеница, и секогаш пазете на оваа ситница

Нема поголемо разочарување од она кога сакаме вкусна и сочна лубеница за разладување, особено на вакви горештини, а дома не дочекува нешто со вкус на тиква.

За да одберете сочна лубеница, треба да знаете неколку трикови:

Првиот чекор нека ви биде тоа да фрлите око на дамките на лубеницата. Ако е целосно бела, тоа значи дека и треба време да созрее, а колку се дамките потемни, тоа значи дека таа е сочна и созреана.

Верувале или не, втор чекор е да внимавате на полот. Да, лубениците се машки и женски, високите се машки, а позаоблените се нарекуваат женски. Погодете кој пол е посладок, секако женскиот.

На крај обрнете внимание како трет чекор на дршката, бидејќи колку е потемна толку е лубеницата позрела и сочна.

Scroll to Top