Потребни состојки:
150 гр бело чоколадо
75 мл слатка павлака
30 гр путер
1/4 чаша шеќер
75 мл пире од тиква претходно печена и пасирана
1 лажиче цимет
1 лажиче рум
1 чаша мелени бисквити
½ чаша мелени ореви
100 гр црно чоколадо
По желба, може да додадете цимет, ѓумбир и морско оревче.
Начин на подготовка:
Павлаката, путерот и шеќерот (количината на шеќер може да ја намалите во зависност од блажината на тиквата) се ставаат во сад на тивок оган. Штом путерот ќе се растопи, во садот се додава белото чоколадо. Постојано се меша со жица за матење додека смесата зоврие. Потоа, садот со белото чоколадо се трга од оган и во него се става пирето од тиква, циметот и румот. Смесата се меша и се става во фрижидер за време од еден до два часа за да се излади и стегне. Во изладената смеса од тиква и чоколадо се додаваат мелените бисквити и ореви. Се меси и од неа се формираат топчиња со големина на орев. Добиените топчиња се оставаат околу еден час за да се изладат. Во меѓувреме, црното чоколадо се топи на пареа со една лажица масло. Со растопеното чоколадо се чоколадираат бомбиците, а потоа се декорираат со цимет или по желба.