- Се сече ситно сувото овошје и се прелива со брендито, па се остава така да впие неколку часа.
- Се загрева млекото и се ставаат 2-3 лажици брашно, мед и квасец и се остава да се активира.
- Се сее другото брашно и се додаваат сол и зачини. Се прави дупка на средина и се става млекото, па се додава исечениот маргарин и се меси да се добие меко тесто.
- Се додаваат исечените плодови суво овошје исцедени, па се остава тестото да нарасне.
- Кога ќе нарасне двојно се премесува и се прави колач кој се става на хартија за печење.
- Се остава уште еден час да нарасне.
- Се пече на загреана рерна на 180 степени додека не порумени, а кога е готов додека е топол се премачкува со растопен маргарин и шеќер во прав.
Состојки:
- 500 гр. брашно
- 300 гр. суво овошје (суво грозје, кајсии, урми, смокви…)
- 100 гр. бадеми и ореви
- 100 гр. кандирана овошна кора
- 200 гр. маргарин
- 200 мл. млеко
- 150 гр. шеќер во прав
- 50 гр. мед
- 50 мл. бренди
- 1 лажица зачини ( кардамом, каранфилче и ванила)
- 1 кесе квасец
- малку сол