100 мл топла вода
1 и 1/2 лажиче сув квасец
1 лажиче шеќер
200 мл топло млеко
2 јајца
50 гр путер
1 лажиче сол
1 парче бри сирење
За сирењето
малку магдонос
2 лажици маслиново масло
Во топлата вода додајте ги квасецот и шеќерот, промешајте и оставете го да се активира.
Додајте ги другите состојки и почнете да месите околу 5-6 минути да се добие мазно и меко тесто. Брашното додавајте го постепено, може да варира во количината. Оставете го на топло двојно да нарасне.
Убаво со рака истегнете го за да излезе воздухот и кратко премесете го.
Тепсијата во која ќе печете премачкајте ја со путер.
Одвојте од тестото мал дел, треба да го исучете тенко, со големина на основата на тепсијата. Ставете го на долниот дел. Над него на средината поставете го парчето бри-сирење.
Преостанатото тесто поделете го на 24 топчиња. Ќе ги наредите во два реда околу сирењето. Премачкајте го тестото со јајце (јас во него ставив малку оригано). Оставете го половина час да скисне. Вклучете ја рерната на 200 степени. Пред печење над сирењето ставете од блендираниот магдонос со зачините.
Печете сè додека тестото убаво не зарумени. Пос печењето, украсете со нешто зелено и црвено.