Браунис без јајца

Овој колач е мек, се прави лесно и е за сечиј вкус.

Потребни состојки:

175гр. брашно
100гр. кафеав шеќер
40гр. какао во прав
60гр. сечкано темно чоколадо
1 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол
175мл. вода
75мл. масло
2 лажички јаболков оцет
1 мала зрела банана

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги брашното, содата, какаото, шеќерот и солта. Во друг сад згмечете ја бананата, па додајте ги маслото, оцетот и водата. Во садот со сувите состојки додајте ја смесата од мокрите. На крајот додајте го и исечканото чоколадо. Мешајте со лажица за да ја соедините смесата. Тестото ставете го во правоаголна тава и печете 20 до 25 минути на 175 степени. Колачот послужете го кога ќе остине.

 

Scroll to Top