Браунис колач од три состојки

Потребни состојки:

270 грама пире од сладок компир
115 грама путер од бадем
65 грама какао

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во блендер кратко измешајте ги пирето од сладок компир, путерот од бадем и какаото додека не добиете хомогена смеса. Ако немате путер од бадем, можете да користите путер од кикиритки. Истурете ја добиената смеса во мал плех обложен со хартија за печење и печете 12-15 минути или додека не се стегне целосно. Со чепкалка за заби проверете дали тестото уште лепи или колачот е испечен. По желба посипете ги со шеќер во прав пред да ги послужите.

Scroll to Top