Брз баунти-колач без јајца

Потребни состојки:

1 чаша јогурт
1 чаша млеко
2 чаши шеќер
1 кесичка ванила шеќер
1 чаша масло
1 чаша кокос
1 лажиче прашок за печиво
2 чаши брашно

Чашата што ќе ја користите треба да биде од 200 милилитри

Глазура:
100 гр чоколадо и 3 лажици масло (или готов чоколаден прелив, по желба)

Начин на подготовка:
Во длабок сад спојте ги јогуртот и млекото. Во помал сад измешајте ги шеќерот и ванилата, па додајте ги во садот во течноста од јогурт и млеко. Кога убаво ќе ги соедините, една по една додавајте ги и другите состојки и притоа постојано мешајте. Смесата турете ја во подмачкан калап и печете на 180 степени 30-ина минути. Стопете го чоколадото на пареа заедно со маслото и со него прелијте го колачот или ако сакате, употребете готов чоколаден прелив. Послужете го кога убаво ќе се излади.

Scroll to Top