Брза бајадера

Состојки:

300 гр. шеќер

150 гр. мелени бисквити

150 гр. мелени ореви

150 гр. путер

100 гр. чоколадо за готвење

8 лажици вода

100 гр. чоколадо за глазура и 3 лажици масло

Подготовка:

Се вари шеќерот со вода, па се трга од шпорет, се додаваат бисквити и ореви, па путер и се меша.

Се дели смесата на два дела, така што во едниот се става растопено чоколадо, па се премачкува плех со масло и се става темниот слој, па преку него светлиот слој и се остава да се олади.

Горе се става глазура од чоколадо растопено со маслото.

Scroll to Top