Брза чоколадна торта со бадеми

Потребни состојки:

4 јајца
150 гр шеќер во прав
150 гр црно чоколадо
200 гр мелени или сечкани бадеми
130 гр маргарин

По желба:
1 лажица рум или коњак
рендана кора од портокал

Начин на подготовка:

Стопете ги чоколадото и маргаринот на пареа и оставете ја смесата да се олади. Потоа одделете ги жолчките од белките. Направете цврст снег од белките и половина од шеќерот во прав. Изматете ги жолчките со шеќер, додадете го стопеното чоколадо со маргаринот и мешајте уште неколку минути, но со намалена брзина. Во смесата додадете мелени бадеми и полека промешајте ги со шпатула.

Додадете рум, кора од портокал и малку белки, внимателно мешајќи. Истурете ја смесата во намастен калап со дјаметар 22-24см, обложен на дното со хартија за печење, и ставете ја во загреана рерна на 170 степени. Печете 30 минути. Со чепкалка за заби проверете дали е готова. Тортата мора да остане влажна и кремаста во средина. Извадете ја од рерна и оставете да се излади, па посипете со шеќер во прав.

Scroll to Top