Брза чоколадна торта

Потребни состојки:

2 јајца,
320 г какао бисквити
100 г шеќер,
1 лажичка екстракт од ванила,
125 мл млеко,
90 мл масло + 1 лажичка за подмачкување на плехот,
320 г какао-кекс,
1 лажичка прашок за печиво

За глазура:

200 г крем-сирење,
130 г кондензирано млеко
30 г чоколадна глазура за декорација

Начин на подготовка:

Во еден сад изматете ги шеќерот, јајцата и ванилиниот екстракт. Потоа додајте ги млекото и маслото и повторно соединете ја смесата. Во блендер изблендирајте ги какао-бисквитите, па додајте ги во смесата. На крајот преостанува да додадете уште една лажичка прашок за печиво. Смесата се прелива во подмачкан плех (22см) и се става на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Крем-сирењето се мати со миксер и се додава кондензираното млеко. Соединете, па прелијте го филот врз печената кора. Во меѓувреме растопете малку чоколадо и декорирајте ја тортата по ваша желба.

Scroll to Top