Брзи гонзалес

 

Состојки:

 

Тесто:

 

3 јајца

12 лашици шеќер

1 филџан масло

1 филџан млеко

15 лажици брашно

1 прашок за печење

100 гр кокос

Прелив:

 

15 лажици вода

15 лажици шеќер

3 лажици какао

1 маргарин

1 ванила шеќер

Подготовка:

 

Убаво изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа, постепено додавајте ги млекото, маслото, брашното и прашокот за печење и на крај кокосот.

 

Печете во тава 28 на 180 степени околу 20 мин.

Во огноотпорен ставете ги   сите состојки за преливот и на умерен оган со повремено мешање растопете ги и  убаво се измешајте.

 

Смесата не смее да проврие.

Кога малку ќе подолади тестото се сече на парчиња (коцки) и потоа се прелива со преливот

Scroll to Top