Потребни состојки:
600 гр брашно
1 прашок за пециво
1 лажиче сол
100 мл масло
200 гр кисело млеко
200 мл топло млеко
1 сув квасец
1 лажица шеќер
1 јајце и сусам за горе
Начин на подготовка:
Се меша брашното со прашок за пециво и сол, се додава масло и кисело млеко. Смесата се меша убаво. Се мешаат посебно млекото со сувиот квасец и шеќер, па се ставаат во готовата смеса. Се меси тесто и се дели на 4 дела. Се развлекуваат малку деловите, тестото се сече во вид на триголници и се виткаат кифлички. Се премачкуваат со разматено јајце и се наросуваат со сусам по желба. Се ставаат на подмачкан плех, се оставаат малку да нараснат и се печат 15 минути на 180 степени.