Брзи мафини со праз

Потребни состојки:

3 јајца
1 мала шолја јогурт
1/2 мала шолја масло
1/2 мала шолја кисела вода
200гр сирење
2 мали шолји бело брашно
1 мала шолја пченкарно
1 прашок за пециво
1 страк праз

Начин на подготовка:

Во длабок сад изматете ги јајцата, па полека додавајте ги течните, а потоа и сувите состојки. Додадете ги ситно сечканиот праз и здробеното сирење, измешајте со лажица и истурете ја смесата во калапи за мафини. Поросете со ким или сусам и печете околу 30-40 минути.

Scroll to Top