Чи-ќофте

Состојки:
  • 500 гр ситен булгур
  • 3 лажици доматна паста
  • 1 лажица пипер-паста
  • 5 чешниња лук
  • 5 полни лажици рендан домат (може и од тегла)
  • 4 лажички црвен пипер
  • 2 лажички мелен ким
  • 2 лажички сол
  • 200 мл маслиново масло
  • 1 голема главица кромид
  • 8 коцки мраз
  • 3 лажици сос од калинка
  • 2 лажици лут буковец или свежи чили-пиперчиња

За сервирање

  • 2-3 листа ајсберг-салата
  • 1 лимон, сокот
  • 150 мл сос од калинка

Подготовка:

Во тава се истура ситниот булгур и се додава ситно исечканите кромид и лук. Може и да се изрендаат. Се меси со рацете да се спојат. Процесот за приготвување на овој рецепт е околу 1 час.
Тајната е во долгото месење. Откако е измесено добро, полека се додаваат пастата од пипер и домат, а воедно се додаваат и три коцки мраз. Повторно се меси, но долго. Кога коцките мраз ќе дојдат до половина од големината, се додава ренданиот домат. Се додаваат уште две коцки мраз и повторно долго се меси.
Смесата веќе ќе почне да се соединува полека, да станува како тесто. Повремено се капнува масло, додека не се потроши. Се меси додека ги снема коцките мраз. Се зачинува со состојките и се пак додава коцка мраз. Постепено се додава и сосот од калинка и пак се меси. По вкус се додава лут буковец или иситнети свежи чили-пиперчиња. Му се додава малку маслиново масло и се промешува како сос.
Пак се меси. Смесата веќе е готова, а булгурот нараснат од водните состојки во него. Од готовата смеса што се добива се вадат парченца. Се вади по едно парче од смесата и се стега низ прстите. Така спремното парче се реди на чинија.
Може да се премачка на парче кора потпечена, да му се капне сок од лимон, сос од калинка и да се додаде ајсберг-салата, па да се замота како ролна.
Може и само така прелеани со сос од калинка.

Scroll to Top