Состојки
- 4 поголеми банани
- 60 мл. масло
- 1 јајце
- 100 гр. шеќер
- 1/2 лажичка ванилен шеќер
- 200 гр. брашно
- 1/2 лажичка прашок за печиво
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1 прстофат сол
- 1 лажичка цимет
За фил:
- 900 гр. несолен крем сирење
- 100 гр. шеќер
- 1/2 лажичка ванилен шеќер
- 250 мл. млеко
- 1 лажичка желатин
Декорација:
- Цимет
- банана
Подготовка
1. Банана изгмечете со вилушка, па додадете масло, јајца и матете сѐ додека убаво не се соедини.
2. Додадете шеќер, ванилен шеќер и матете сѐ додека шеќерот убаво не се растопи.
3. Брашното просејте го и постепено додвајте заедно со прашкот со печиво и сода бикарбона.
4. На крајот додадете прстофат сол и цимет. Смесата излијте ја во округол калап кој се трга од страните. Печете на веќе загреана рерна на 160 степени околу 30-40 минути.
5. Несолниот крем сир сипете го во сад за матење, додадете шеќер и ванилен шеќер. Со миксер полека матете ја смесата.
6. Во малку млако млеко додадете желатин и пуштете го 5-10 минути да набубри. Кога желатинот ќе набубри, додадете го преостнатото млеко.
7. На млекото потоа постепено додавајте му ја смесата од крем сирење и матете сѐ додека смесата не се соедини.
8. Филот прелијте го преку испечените и изладени кори. Оставете го во фрижидер најмалку три часа додека смесата убаво не се разлади.
9. Тргнете го обрачот од калапот. Изладениот колач исечте го и декорирајте го со цимет и парчиња банана. Уживајте во прекрасниот вкус.