Потребни состојки:
250 гр бисквити
125 гр путер
500 гр крем или свежо кравјо сирење
250 мл шлаг
100 гр шеќер во прав
1 лажичка кора од лимон
1 лажица екстракт од ванила
500 гр јагоди
Начин на подготовка:
Издробете ги бисквитите и измешајте ги со стопениот путер. Притиснете ја смесата со прстите во плех за торта со подвижен обрач, со дијаметар од 24 см и чувајте го во фрижидер додека го подготвувате кремот. Исцедете го сирењето и измешајте со шеќер во прав, кора од лимон и арома од ванила. Во друг сад изматете го шлагот и додајте го крем-сирењето. Исечете ги јагодите и ставете ги во кремот, а потоа измешајте ги нежно. Распоредете го кремот рамномерно врз бисквитите. Ставете го во фрижидер најмалку еден час пред да го сервирате. Украсете со јагоди.