Чизкејк за почетници

Чизкејк што им успева на сите.

Потребни состојки за кора:

150 гр мелени бисквити
2 лажици мед
5 лажици млеко
180 гр растопен путер

Состојки за фил:

500 мл слатка павлака
450 гр безмасно крем-сирење
220 гр шеќер во прав
1 ванилин шеќер
1 желатин

Состојки за овошен слој:

450 гр шумски овошен микс
4 лажици шеќер
100 мл вода
1 желатин

Начин на подготовка:

Во еден сад изматете ја слатката павлака. Во друг сад посебно разматете го безмасното крем-сирење, 220гр шеќер во прав и 1 ванилин шеќер. Потоа соединете ги двете смеси, матете со миксер, па додајте 1 желатин. Желатинот прво оставете да набабри со 50мл вода, па потоа загрејте го да се растопи, но не и да зоврие. Овој слој ставете го преку претходниот слој од бисквити.

Згответе 450гр шумско овошје со 4 лажици шеќер и 100мл вода. Во тоа додајте 1 желатин и гответе уште неколку минути. Кога малку ќе се излади и згусне, прелијте го преку белиот слој. Готовиот колач оставете го во фрижидер да се излади, па послужете го.

Scroll to Top