Чоколадата го штити мозокот

Луѓето кои јадат чоколада еднаш неделно покажале подобри резултати на тестовите за работа на мозокот отколку оние што поретко јадат чоколада. Во студијата учествувале 968 луѓе со возраст помеѓу 23 до 98 години. Резултатите се објавени во списанието „Апетит“.

Научниците веруваат дека редовното земање чоколадо е меѓу најважните фактори кои придонесуваат za подобрување на работата на мозокот. Тие исто така укажуваат на тоа дека чоколадата влијае на смалувањето на ризиците од покачен крвен притисок и дијабетес тип 2.

Испитувачите сега се обидуваат да откријат колкава количина чоколада точно е потребно да се јаде, за да се добијат најдобри позитивни ефекти за мозокот.

Scroll to Top