Потребни состојки:
125 гр излупени бадеми
125 гр печени лешници
130 гр сув ананас
2 лажици какао
1 лажица цимет
100 гр пченично меко брашно
170 гр мед
30 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
70 гр црно чоколадо
Начин на подготовка:
Грубо исечкајте ги бадемите и лешниците, додадете ананас, какао, цимет и брашно. Загрејте ги медот, шеќерот и ванилиниот шеќер да се стопат, промешајте го чоколадото, па измешајте сè заедно и растопете. Истурете ја врелата смеса врз претходно подготвената смеса и промешајте.
Подготвената маса истурете ја во калап обложен со хартија за печење и добро притиснете за да добиете рамна површина. Печете во рерна загреана на 170 степени околу 30 минути. Испечената торта изладете ја, завиткајте ја во фолија и оставете ја да отстои, по можност до следниот ден.