Чоколадна торта со бадеми

Потребни состојки:

170 грама темно чоколадо
80 грама путер
4 јајца
100 грама шеќер
30 грама мелени бадеми
прстофат сол

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови и премачкајте го калапот со путер. Исечкајте го чоколадото на мали парчиња и стопете ја на пареа со путер со прстофат сол. Изматете ги јајцата со шеќер додека не добиете пенаста смеса. Соединете ги двете смеси со миксер. Додајте ги мелените бадеми, па продолжете да матите со дрвена лажица. Ставете го тестото во калап и печете 15-20 минути, додека смесата не стане цврста. Извадете ја тортата од рерната, почекајте да се излади, па дури потоа извадете ја од калапот.

Scroll to Top