Чоколадна торта од две состојки

Потребни состојки:

3 јајца,
165 грама чоколадо (млечно или за готвење)

Начин на подготовка:

Одделете ги белките од жолчките и ставете ги белките во фрижидер. Растопете го чоколадото. Потоа извадете ги белките од фрижидерот и изматете ги како снег. Додадете ги жолчките и една третина од белките во изладеното чоколадо и изматете ја смесата. Потоа со мешање, додадете го и остатокот од белките. Обложете калап за торта со хартија за печење, истурете ја смесата и печете 30 до 40 минути во загреана рерна на 170 степени.

Scroll to Top