Потребни состојки:
5 јајца
5 лажици шеќер
1 дл. масло
1 дл. вода
5 лажици брашно
2 лажици какао
1 прашок за пециво
Фил со вишни:
1 тегла компот од вишни
2 лажици густин
3 кеси ванилин шеќер
Чоколаден фил:
1 пудинг од чоколадо
2 лажици шеќер
4 дл. млеко
1 лажица густин
100 гр. маргарин
Начин на подготовка:
За тестото се матат со миксер јајцата со шеќер, масло и вода, па на крај се додава полека брашното со какао и прашок за пециво. Се става во плех со хартија смесата и се пече на 180 степени, а готово е кога рабовите ќе почнат сами да се одвојуваат. Се вари компотот со вишни се додава густин, ванилин шеќер, па се става на бисквитот додека е топол. Се прави и чоколадниот фил со тоа што се прави пудинг на вообичаен начин и се става маргарин во врелиот пудинг, па се става врз кората. Се декорира по желба.