Потребни состојки:
200 гр путер
100 гр шеќер во прав
40 гр какао во прав
350 гр мелени бисквити
100 мл млеко
1 лажица рум
5 лажици масло
200 гр млечно чоколадо
Начин на подготовка:
Изматете го путерот во длабок сад, додадете го шеќерот во прав, какаото, мелените бисквити, млекото, румот, сè добро измешајте и формирајте топчиња. Растопете го чоколадото со пет лажици масло во тенџере на тивок оган. Потопете ги бомбиците во чоколадото и оставете ги на плех да се стегнат, па послужете ги.