Направете вкусни посни чоколадни коцки со јаболка, за сечиј вкус и џеб.
СОСТОЈКИ:
– 3 рендани јаболка
– 2/3 шолја шеќер
– 1 прашок за печиво
– 100 гр посно чоколадо
– 1 шолја гриз
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ренданите јаболки се ставаат во сад со шеќерот, гризот и прашокот за пециво. Се мешаат и откако добро ќе се соединат, смесата се остава да отстои 2 часа.
Плехот за печење се обложува со хартија, се става смесата на хартијата и се пече 15 до 20 минути во загреана рерна на 180 степени.
Чоколадото растопете го со малку маргарин и се прелева колачот кога ќе се извади од рерна.
Исечете го на коцки и послужете. Можете одозгора да додадете и кокос