Потребни состојки:
1,5 килограм исчистени кајсии
600 грама шеќер
Начин на подготовка:
Кајсиите измијте ги, исчистете ги и ставете ги во подлабока тепсија. Ставете го шеќерот врз нив, покријте со алуминиумска фолија и ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се крчкаат. По половина час, извадете ја фолијата и промешајте го џемот. Во мала чинија ставете малку од џемот за да видите дали е сварен и дали ви одговара густината.
Врелиот џем ставете го во загреани тегли и веднаш затворете ги. Замотајте ги во дебело ќебе за да се оладат природно.