Џем од модри сливи

Потребни состојки:

5 кг модри сливи
200 гр шеќер
150 мл рум

Начин на подготовка:

Најпрво убаво се мијат сливите. Потоа се вадат семките и така на половинки се редат во плех од рерна. Се печат 2 часа, на 180 степени со повремено мешање. По 1 час печење се додава шеќерот и се пече уште еден час. Кога ќе ја исклучиме рерната тогаш го додаваме румот и уште еднаш мешаме со дрвената лажица и го оставаме да постои во исклучена рерна уште 10 минути. Во чисти топли и стерилни тегли, се става врелиот џем, се затвора со капаче и се враќаат во топлата рерна да стојат до наредниот ден. Така ќе се вакумираат. Има малку шеќер, но ние така го сакаме. Преубав со богат вкус, а некогаш му ставам само 2 лажици шеќер и така е убав.

Scroll to Top