Бурек-специјалитет кој го сакаат сите генреации. Како да го направите дома, а да биде ист како оној од пекарница.
Потребни состојки за бурек по оригинален рецепт:
500g кори за пита
300g сирење
250ml вода
125 ml масло
Подготовка:
Промешајте ја водата со маслото, а сирењето иситнете го со вилушка.
Ставете две кори на тепсија обложена со масло, така што краевите ќе ги преклопуваат рабовите.
Со мешавината од вода и масло попрскајте ги корите, па ставете уште две кори и повторете ја постапката.
Ставете ги следните 2 кори, па преку нив наредете дел од сирењето.
Продолжете со овој редослед, така што на секоја 6-та кора ќе ставите сирење, а на останатите само масло и вода.
Редете додека корите не се потрошат. За крај, пропрскајте малку зејтин. Потоа, замотајте ги рабовите кои ви останаа надвор од тепсијата.
Печете на 180 степени околу 1 час, додека корите не добијат златно-жолта боја.