Потребни состојки:
7 лажици Нутела
6 лажици млеко
2 лажици какао
2 вреќички прашок за шлаг пена
3 дл ладно млеко
150 гр сечкани свежи нугат наполитанки
150 гр сечкано темно чоколадо или чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Наполитанките исечете ги долж на 4 ленти и потоа исечкајте ги на ситни парчиња (како кога сечкате кромид). Исечкајте го и чоколадото или користете чоколадни трошки. Во поголем сад добро измешајте Нутела, млеко и какао, а ако Нутелата е тврда, тогаш кратко загрејте ја во микробранова. Во друг сад од 3 дл студена вода и прашок за шлаг пена разматете шлаг. Кога шлагот ќе биде подготвен, повремено додавајте го во смесата од Нутела и мешајте со миксер на средна брзина за да добиете еднолична смеса. Во смесата измешајте исечкани наполитанки и чоколадо. Сладоледот ставете го во сад и оставете најмалку 5 часа во замрзнувач.