Домашен ресана колач

Подготовка:
1. Во длабок сад ги ставаме јајцата, шеќерот и ванилата. Миксираме кратко или разматуваме со рачна маталка. Потоа ги додаваме маслото и брашното соединето со пецивото.
2. Од добиената смеса ги формираме колачињата (кај мене се со тежина од 15 гр секое). Правиме топче, кое благо го сплеснуваме. Ги редиме во плех врз хартија за печење.
3. Печеме во загреана рерна на 200 степени, до благо поруменување (околу 13-15 минути, ама сепак вие одредете си според тоа како пече вашата рерна). Нека оладат колачињата, па ги спојуваме со мармалад. После неколку часа ќе омекнат.

Од оваа доза испаѓаат точно 66 колачиња , ако ги споите со мармалад 33. Доколку сакате повеќе, тогаш дуплирајте ги состојките.

Scroll to Top