Домашна плазма торта

Потребни состојки

Кора:

4 јајца на собна температура,
8 лажици шеќер,
100 мл масло,
150 мл млеко,
8 лажици брашно,
2 лажици какао во прав,
1 прашок за печиво,
3 лажици мелени ореви
1 ванилин шеќер.

Прв фил:

150 г путер или маргарин,
100 г шеќер во прав,
200 г мелена плазма,
250 мл млеко

Втор фил:

250 г крем сирење (маскарпоне или некое друго кремасто сирење),
1 ванилин шеќер,
3 полни лажици нутела (околу 180 гр)

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете 4 јајца, претходно отстоени на собна температура, додадете 8 лажици шеќер и пенасто изматете со миксер. Кога ќе добиете кремаста смеса, намалете ја брзината на матење и постепено додавајте 100 мл масло и 150 мл млеко. На крајот додадете ги сувите состојки: брашното, какаото и прашокот за печиво. На крај додадете три лажици мелени ореви и една кесичка ванилин шеќер. Повторно изматете со миксерот за да се изедначи смесата. Печете во плех 40х30 см кој ќе го обложите со хартија за печење, на 200 степени околу 20 минути.

Кога ќе се испече кората, извадете ја од рерна и оставете ја да се излади, па исечете ја на три еднакви делови.

За првиот фил во длабок сад за матење ставете 150 г путер или маргарин, исечен на парчиња и претходно отстојан на собна температура и соединете го со 100 г шеќер во прав. Откако пенасто ќе го изматите, додадете му 200 г мелена плазма и 250 мл млеко. Млекото додавајте го постепено додека ја матите смесата. Потребно е добро да се измати за да се добие добар мазен крем.

Потоа пригответе го вториот фил: во сад за матење ставете 250 г маскарпоне или друго крем сирење, додадете еден ванилин шеќер и три полни лажици нутела и изматете убаво за да се соединат состојките.

Филувајте ја тортата: врз првата кора нанесете рамномерно половина од филот и убаво израмнете. Поклопете со втората кора, па врз неа распоредете го остатокот од филот. Поклопете со третата кора, па премачкјате ја целата торта одозгора и од страните со вториот фил и убаво израмнете. Тортата одозгора можете да ја наросите со ореви или лешници.

Scroll to Top