Домашна рафаело торта

Потребни состојки:

За кората:
140 гр брашно
130 гр кафеав шеќер
100 гр исушен кокос
125 гр несолен путер, стопен
Прстофат сол

За филот:
400 мл млеко од кокос
80 гр кокос, изрендан
200 гр бело чоколадо, ситно исечкано
50 гр маскарпоне
60 гр шеќер во прав
85 гр цреши

За декорација:
80 гр кокос, изрендан
2-3 цреши

Начин на подготовка:

Измешајте ги брашното, кокосот, кафеавиот шеќер, солта и стопениот путер. Мешајте сè додека убаво не се соединат состојките. Тортата печете ја во калап за торти на кој може да му се извади дното, претходно премачкан со путер. Рамномерно поставете ја смесата на садот за готвење. Печете 12-15 минути, или сè додека не добиете златна кора, а потоа тргнете ја настрана да се олади и ставете ја во фрижидер.

За филот, сипете го кокосовото млеко заедно со 80 грама изрендан кокос во тенџере со средна големина и варете на тивок оган. Гответе 30-тина минути или сè додека кокосот не го впие целото кокосово млеко. Повремено мешајте. Потоа додадете го белото чоколадо и мешајте додека не се стопи и соедини целосно. Префрлете ја смесата во друг сад, покријте ја површината и ставете ја во фрижидер додека не се олади. Откако ќе остине, изматете ги маскарпонето и шеќерот во прав, па додадете ги заедно во мешавината со чоколадо и кокос. Одвојте 1/4 од филот и нанесете го рамномерно на кората, па наредете ги врз него црешите. Покријте со останатиот дел од филот и на крај, сипете го и останатиот изрендан кокос. Украсете со неколку цреши.

Scroll to Top