Домашна штрудла со афион

Потребни состојки:

За тестото:

800гр брашно
200 мл топло млеко
1 лажица шеќер
10 г сув квасец
1 јајце
1 белка (жолчката се користи за премачкување)
125 г путер

За филот:

200 г мелен мак
200 мл млеко
3 лажици гриз
5 лажици шеќер

Начин на подготовка:

Прво пригответе го филот така што ќе ставете шеќер во млекото и ќе го ставите да се вари, па откако ќе зоврие, сварете го гризот и мешајте додека се згусне малку. Додајте го макот во врелиот гриз и добро измешајте го сето тоа заедно. Оставете го да се олади. Во топлото млеко ставете квасец и шеќер и промешајте. Оставете го на страна додека ги приготвите преостанатите состојки. Во сад сипете брашно, стопен путер, јајце и белка. Потоа, додајте го нараснатиот квасец и мешајте со лажица, а потоа замесете тесто. Поделете го тестото на два дела, па расукајте го на должина од 30 см. Земете помала тепсија, ставете ја на маса пред тестото, па така лесно ќе му ја одредите должината. Премачкајте го со половина од макот и завиткајте го. Истото повторете го и со другиот дел од тестото. Задолжително подмачкајте го плехот. Премачкајте ги штрудлите со изматена жолчка, избодете ги малку со виљушка или со нож, па вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Ставете ги штрудлите да се печат, па намалете ја температурата на 180 и печете ги околу 40 минути. Печените штрудли со мак покријте ги со крпа да се оладат малку, па посипете ги со шеќер и послужете ги.

Scroll to Top