Домашни јуфки

Потребни состојки

2 кг брашно
10 јајца
1 лажица сол
250 мл млеко

Начин на подготовка:

Во длабок сад се кршат јајцата и се матат со вилушка, заедно со солта. Потоа се додава млекото, па постепено се додацва и просеаното брашно. Се меси убаво околу 20 минути. За да се види дали е убаво измесено со нож се сече на средина. Ако има дупчиња во тестото значи готово е. Се дели на два дела и се замотува со прозирна фолија. Се остава да одмори 30 минути.

Се зема едното тесто, се сучи кора и се сече на квадрати. Потоа со машинката се поминува секој квадрат на големина 3, па на 1 за да се истенчат. Така се ставаат на чист чаршав да се сушат. Се повторува постапката и со другото тесто. Корите се сушат на промаја. Кога ќе стврднат малку, се сечат на долги ленти и се поминуваат низ машинката да се добијат резанки. Се оставаат на силно сонце да се сушат целосно.

Ако не сакате да ги сечете на машинка, оставете ги корите да се исушат целосно на сонце, а потоа искршете ги со рацете.

Scroll to Top