Домашни кифли со ореви

Потребни состојки:

400 гр брашно
150 гр маргарин
2 јајца
20 гр свеж квасец
1 дл млеко
изрендана кора од лимон
200 гр ореви
200 гр шеќер
200 гр шеќер во прав

Начин на подготовка:

Во млакото млеко додајте лажичка шеќер, малку брашно и издробениот квасец и оставете да нарасне. За тоа време, на штицата за месење ставете го брашното, направете дупка во средината и во неа додајте го нараснатиот квасец заедно со маргаринот, 4 лажици шеќер, 1 цело јајце и 1 жолчка и изренданата лимонова кора. Замесете меко тесто и оставете половина час да одмори. Во меѓувреме подгответе го филот. Изматете ги белките во цврст шлаг, додајте го шеќерот и на крајот додадете ги мелените ореви. Потоа расукајте го тестото со дебелина од половина сантиметар, исечете го на квадрати и наполнете го со филот. Кифлите наредете ги во подмачкан плех и печете на 180 степени 15-20 минути. Додека сѐ уште топли, наросете ги со шеќер во прав.

Scroll to Top