Домашни кифли со сирење

Потребни состојки:

2  лажички сув квасец
250 мл млеко
2 лажички шеќер
700 гр брашно
1 лажичка сол
120 мл масло
3 јајца
200 гр сирење
сусам
јајце за премачкување

Начин на подготовка:

Ставете го квасецот и шеќерот во топло млеко, а потоа додадете ги брашното и другите состојки. Месете го тестото и оставете го добро да искисне. Кога убаво ќе нарасне, расукајте го со сукало за да стане многу тенко. Пресечете го на ленти и секоја лента засечете ја на 2-3 места во горниот дел. Ставете сирење, завиткајте ги кифлите и ставете ги во подмачкан во плех за печење. Кога ќе нараснат, премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам. Печете ги кифлите на 200 степени додека не поруменат.

Scroll to Top