Домашни лиснати кифлички

Потребни состојки:

300 мл млеко
300 мл газирана вода
200 мл масло
3 јајца
1 свеж квасец
1 лажица шеќер
1 лажица сол
1.200 гр брашно
250 гр маргарин за премачкување
1 јајце за премачкување
нишесте за посипување

Начин на подготовка:

Смлачете го млекото, додајте го квасецот, шеќерот и малку брашно и оставете го на топло петнаесетина минути. Потоа додајте ја водата, солта, јајцата и маслото, измешајте убаво и почнете со додавање брашно. Тестото треба да е многу меко. Оставете го на топло, да нарасне. Поделете го тестото на 4 дела, маргаринот исто така.

Од секој дел расукајте што потенка кора, премачкајте ја со маргарин и посипете ја со малку нишесте. Исечете ја кората на зраци, средишниот дел да е цел, па префрлете ги сите делови од тестото врз средината. Истото направете го и со другите делови од тестото. Потоа пак секој дел расучете го, исечете го на 16 дела и завиткајте кифла.

Премачкајте ги со јајце, наросете ги со сусам или ким. Печете ги на 180 степени.

Scroll to Top