Домашни мини пици

Потребни состојки:

околу 1 килограм брашно,
200 мл млако млеко,
200 мл млака вода,
100 мл масло,
25 г свеж квасец,
2 јајца (едното е за премачкување),
1 лажичка сол,
1 лажичка шеќер,
за филување 200 г кечап, 200 г, кашкавал и оригано

Начин на подготовка:

Во сад измешајте го квасецот со млакото млеко, додајте шеќер, вода, масло и едно јајце кое отстоело на собна температура. Добро измешајте за да се раствори квасецот и да се активира. Во течната смеса постепено почнете да додавате од брашното во кое сте додале и малку сол. Кога веќе не може да се меша со лажица, тестото истресете го врз набрашнета работна површина, наросете го со малку брашно и доработете го.

Со сукало развлечете кора во форма на правоаголник со дебелина од 3-4 мм. Преку целата површина, кората премачкјате ја со кечап, изрендајте кашкавал и наросете оригано. Со лажица притиснете го кашкавалот убаво да се залепи за кечапот, за да можете многу полесно да го свиткате ролатот. Внимателно започнете да ја виткате кората, почнувајќи од едниот крај, а потоа рамномерно продолжете и многу нежно притиснете со прстите за да се затвори валјакот. Потоа сечете парчиња со дебелина од еден и пол или два сантиметри, па сечените полжавчиња редете ги на намастен плех или обложен со хартија за печење.

Изматете едно јајце заедно со една лажица масло, па со четка премачкајте ги сите полжавчиња од горната страна. Дополнително можете да наросите со сусам. Вклучете ја рерната да се загрева на 240 степени или на најсилната температура што може да ја постигне вашиот шпорет. Овие печива бараат да се ставаат во навистина врела фурна. Потоа ставете ги да се печат околу 15 минути. Послужете ги топли.

Scroll to Top