Потребни состојки:
1 кг брашно
1 супена лажица сол
1 супена лажица шеќер
1 коцка свеж квасец
200 мл масло за готвење
50 мл млеко
250 мл вода
300 г кашкавал
300 г шунка
200 г доматно пире
Начин на подготовка:
Во длабок сад на оган ставете ги млекото и водата заедно да се стоплат. Во друг длабок сад, ставете 1 кг брашно, 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 200 мл масло за готвење и квасецот кој претходно сте го растопиле во малку млако млеко. Замесете тесто и оставете го да стаса 20 минути. Потоа земете од тестото и расукајте кора со дебелина од половина сантиметар. Сечете тркалца со чаша. Врз секое тркалце ставете доматно пире, потоа шунка и на крај кашкавал. Печете ги мини пиците во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути. Освен овие состојки, мини пиците можете да ги направите со состојки по желба.