Потребни состојки:
2 белки
250 гр мелени ореви
200 гр шеќер
300 гр толчени ореви
Начин на подготовка:
Белките се матат во цврст снег и кога се готови, постепено се додава шеќерот и не се престанува со матење. Потоа се додаваат мелените ореви и се мешаат во белките. Со влажни раце се зема од смесата топче (колку орев), се обликува во потковица и обилно се валка во толчените ореви. Колачите се печат во загреана рерна на 150 степени околу 10-12 минути и со исклучена рерна уште две минути. Од оваа мера излегуваат од 25 до 30 колачи.