Домашни пирошки од компири

By

Потребни состојки:

500 гр брашно
25 гр квасец
2 дл млако млеко
1 лажиче шеќер
2 компира
50 гр маргарин
сол
2 јајца
150 гр шунка
200 гр сирење

Начин на подготовка:

Компирот се мие и лупи, па се обарува во солена вода. Се цеди и пасира со малку сол. Се подготвува квасецот – се става во сад со млеко, шеќер и малку брашно, се меша и се остава да надојде. Се става половина од брашното со јајца, па компирот и маргаринот, а потоа се додава и квасецот. Се додава и преостанатото брашно и се меси со раце. За филот исечете ја ситно шунката и изронете го сирењето. Тестото расукајте го, ставете од филот и сечете правоаголници, па виткајте ги во ролни. Потопете ги во јајца и презла, па испржете ги во жешко масло.

Ќе ви се допадне