Потребни состојки:
240 мл млеко
2 јајца
75 г маргарин
600 г брашно
1 лажичка сол
100 г шеќер
1 кесичка сув квасец
кафеав шеќер
цимет
путер
за прелив:
120 г путер
225 г крем-сирење
1 лажичка ванила екстракт
60 мл млеко
600 г шеќер во прав
Начин на подготовка:
Првин ќе го згреете млекото (не да зоврие, туку да биде топло) и ќе го растопите маргаринот. Топлото млеко ставете го во длабок сад во кој ќе го правите тестото. Ставете го квасецот и со рачна маталка убаво измешајте. Додадете ги јајцата, стопениот маргарин, солта, шеќерот и брашното. Со дрвена лажица убаво соединете ги состојките. Тестото доработете го на површина попрскана со брашно. Месете го 5-10 минути, направете топка и вратете ја во истиот сад. Покријте го со крпа и оставете да стаса.
Во меѓувреме направете го преливот. Путерот треба да биде на собна температура, како и крем-сирењето. Спојте ги, па во истиот сад додадете ги екстрактот од ванила, млекото и половина од шеќерот во прав. Со миксер матете на најслаба брзина додека полека го доставате преостанатиот шеќер во прав. Кога ќе се соединат состојките, матете на најбрзо 1-2 минути. Кога ќе завршите, ставете го преливот во фрижидер.
По еден час, извадете го тестото од фрижидер. Ставете го на работна површина попрскана со брашно и размесете го малку, па со сукало расукајте го во вид на правоаголник. Премачкајте ја целата површина со путер на собна температура. Врз путерот попрскајте убаво со цимет за да ја покриете површината, а потоа истото тоа направете го и со кафеавиот шеќер. Оставете од страна 1-2 см празно за да може да се залепи кога ќе го виткате ролатот. Со сукало поминете врз сите состојки за убаво да се залепат една со друга, па свиткајте го во форма на ролат. Исечете го ролатот на еднакви парчиња за да ви излезат 12 и наредете ги во подмачката тава за печење. Кога ќе ги наредите парчињата, покријте ги со крпа и оставете да стасаат и да се спојат. Печете ги во загреана рерна на 200 степени 20-ина минути. Веднаш штом ќе ги извадите, ставете половина од преливот. Почекајте да се оладат и додадете го и преостанатиот прелив.