Потребни состојки:
500 гр просеано бело брашно
1 ванила
50 гр шеќер
150 мл јогурт
250 гр сало – свинска маст
од 1 лимон рендана кора
За валкање
шеќер во прав со 1-2 ванили
Начин на подготовка:
Се меси тестото со постепено додавање на јогуртот. Се остава да стои 1 час во фрижидер. На набрашнета подлога се расукува кора дебела половина сантиметар и се вадат форми со калап или чашка. Се печат на 180 степени додека убаво да порумени долниот дел, а одозгора да останат бели. Топли се валкаат во шекер во прав во кој има ванила.