Домашни ванилици со јогурт

Брзи вкусни ванилици

Потребни состојки:

250гр домашно несолено сало
100-130гр шеќер во прав
100мл јогурт
500гр брашно
2 ванилин шеќер
Шеќер во прав
Мармалад за лепење на ванилиците

Начин на подготовка:

Во вангла се ставаат салото и шеќерот во прав. Матете со миксер додека салото да стане пенасто. Додајте ги јогуртот и ванилите, па повторно соединете ги со миксер. Дојте го просеаното брашно, па месете со рака. Кога ќе добиете мазно, нелепливо тесто. Тестото поделете го на две топки. Од секоја топка исукајте кора, па со модла извадете ванилици. Наредете ги во ненамастен плех. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Внимавајте да останат бели. Оставете ги во плехот 5 минути да остинат. Потоа лепете ги две со две, со мармалад по вкус. Посипете ги со шеќер во прав.

Scroll to Top