Состојки: 2 л млеко, 2 пудинга од чоколадо, 2 пудинга од ванила, 2 лажици путер, 12 лажици шеќер, 400 мл слатка павлака, 200 гр бело чоколадо, 200 гр црно чоколадо.
Подготовка: Сите состојки ги делиме на два дела.
Во две тенџериња ставаме по 800 мл млеко и ги загреваме до вриење. Остатокот од млекото го распоредуваме во два сада. Во секој сад размешуваме по 6 лажици шеќер заедно со пудинзите. Во едниот ванила пудинзите, во другиот чоколадните пудинзи. Кога ќе почне да врие млекото, ги размешуваме пудинзите со рачни маталки додека да се згуснат. Ги тргаме на страна тенџерињата и во чоколадниот пудинг го ставаме црното чоколадото да се растопи, а во ванила пудингот го ставаме белото чоколадо. Потоа додаваме и путер. Мешаме додека да се растопат, па ставаме слатка павлака по 200 мл во секое тенџере и десертот ни е готов. Го распоредуваме со две кутлачи додека е топло. Во исто време во садовите во кои ќе го служиме десертот ставаме од двете крем-смеси. Декорираме со чоколадни парченца.
Слатката павлака не ја матите заедно со десертот, освен кратко со рачна маталка до соединување.